Отворен Повик за платена Еразмус+ пракса во странство

Дали сте подготвени за ново животно искуство кое ќе вклучува платена пракса во времетраење од три до пет месеци во некоја од државите на Европска Унија? Еразмус+ програмата ви нуди можност за пракса во Германија, Шпанија, Франција, Полска, Италија и многу други држави во чии институции и фирми можете да го збогатите вашето практично знаење од областа во којашто студирате.

Повикот за апликации за Еразмус+ пракса е отворен во текот на целата академска година.Можност за студентска обука (пракса) можат да ја искористат:

  • студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;
  • студенти на втор циклус студии;
  • студенти на трет циклус студии.Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.

Потребни документи за аплицирање:

  • пополнет образец за студент;
  • фотокопија од индекс (прва страница);
  • уверение за положени испити;
  • кратка биографија;
  • мотивациско писмо;
  • две препораки од професори/асистенти;
  • потврда за познавање на странски јазик;
  • копија од сертификати.

Ги очекуваме вашите апликации.

Повеќе информации на овој линк.

 

Последен пат изменето на Петок, 09 Февруари 2018 12:30
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…