(Видео) Преку 150 студенти направија бесплатен офталмолошки преглед на УГД

Како дел од одбележување на неделата на борбата против глаукомот, Факултетот за медицински науки изврши бесплатни офталмолошки прегледи за сите студенти и вработени на УГД.

  • Денес се прегледаа преку 150 студенти и вработени. Задоволни сме од бројот на студенти кои дојдоа денес. За нас е исклучително важно што студентите заедно со нас професорите ја користат оваа исклучително современа опрема што ја ставаме во функција на граѓаните - изјави д-р Страхил Газепов.

Заедно со професорите, диоптрија и очен притисок мереа и студентите на Факултетот за медицински науки.

  • Денес и ние се вклучивме во прегледите со цел да ги направиме овие превентивни прегледи кои се од големо значење за рано откривање на глаукомот - изјави Тања Андонова, студентка на ФМН.

Од Факултетот за медицински науки изјавија дека сѐ почесто ќе се одржуваат вакви настани кои ќе ја ставаат во функција опремата на факултетот, која е една од најсовремените.

 

Последен пат изменето на Среда, 14 Март 2018 16:02
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…