Студентка на Музичка академија наградена со прва награда на Меѓународниот натпревар „Полихимнија“ во Скопје

Флејтистката Тамара Лазарова, студентка на Музичка академија при Универзитет „Гоце Делчев“, освои прва награда на Меѓународниот натпревар „Полихимнија“ во Скопје, кој се одржа на 30 март во Даут-пашин амам во Скопје. Тамара Лазарова се натпреваруваше во категорија за флејта.

Тамара Лазарова е студентка во класата на проф. м-р Златка Митева, под чие менторство се одвиваа повеќемесечните подготовки за натпреварот. Тамара Лазарова на натпреварот во Скопје настапи во пијано придружба на доц. д-р Невенка Дуковска. Оваа награда е уште една потврда за квалитетот и успешната работа на Музичката академија при УГД.

Последен пат изменето на Понеделник, 02 Април 2018 14:04
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…