Повик за доставување на трудови за шестиот број на студентското списание „Student's Social Science Journal“

Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го објавува Повикот за доставување на трудови за шестиот број на списанието „Student’s Social Science Journal“, наменет за студентите запишани на прв, втор и трет циклус студии.

Списанието е од областа на правните, политичките и социолошките науки и во него може да се објавуваат стручни и научни ракописи. Во списанието може да се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, српски, бугарски, хрватски и италијански јазик. Списанието има меѓународен уредувачки одбор и е отворено и за странски студенти.

Рокот за доставување на трудови е 30 септември 2018 г., на следната мејл адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Повик за доставување на трудови за шестиот број на STUDENT’S SOCIAL SCIENCE JOURNAL

Упатство за изработка на трудови

Call For Papers SSSJ No.6

Instructions for SSSJ

Последен пат изменето на Понеделник, 27 Август 2018 09:16
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…