Доделени стипендии на 105 најдобро рангирани кандидати во првиот уписен рок на УГД

105 најдобро рангирани студенти на првиот уписен рок на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ добија стипендии во вид на ослободување од партиципација за студирање во прва година.

УГД ја објави листата на студенти кои имаат најмногу поени според рангирањето на пријавените кандидати во првиот уписен рок, со што ја реализира најавената мерка за поддршка и стимулирање на студентите кои со најдобар рејтинг влегуваат на Универзитетот. Добитниците на стипендии, покрај објавувањето на оваа листа, се известени и лично, и при запишувањето на студиските програми кои ги избрале на своите факултети, нема да ја плаќаат партиципацијата за студирање во првата година од студиите. Средствата за овие стипендии се од Фондот за стипендирање на студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и се обезбедени во соработка со бизнис секторот во Р.Македонија. Стипендиите се распоредени на сите факултети и академии на УГД, во зависност од големината на факултетот – на Факултетот за медицински науки се доделени 13 стипендии, по 10 на Земјоделски факултет, ФТБЛ, ФПТН и Факултет за информатика, по 8 на Економски, Правен и Филолошки факултет, по 5 на Машински факултет, Технолошко-технички факултет, Електротехнички факултет, Факултет за образовни науки и Музичка академија и 3 стипендии на Ликовната академија.

Одлука за доделување на стипендии

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…