Прв академски час за новите студенти на УГД

Универзитетот „Гоце Делчев“ традиционално го организира првиот академски час за новите студенти на Универзитетот. Како и секоја година, ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев ќе има свое обраќање во кое ќе ги поздрави студентите и ќе ги каже клучните насоки во кои ќе се движи Универзитетот во текот на тековната студиска година.

На свеченоста ќе присуствуваат и министерот за образование и наука Арбр Адеми кој исто така ќе има свое обраќање пред новите студенти, како и музичка програма.

Сите студенти кои се запишани се поканети на оваа свеченост што ќе се одржи во понеделник (1 октомври 2018 година) во 11 часот во Мултимедијалниот центар на УГД.

Последен пат изменето на Петок, 28 Септември 2018 14:56
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…