Адријана Трајанова од Филолошкиот факултет добитник на Награда за најдобар млад преведувач

Студентката од Одделот за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет, УГД-Штип, Адријана Трајанова е меѓу годинешните добитници на престижната Награда за најдобар млад преведувач „Вавилон 2018“ за македонски превод на сегмент на германското дело „Да се имаме еден со друг” (“Dass wir uns haben”) од авторката Лујзе Мајер (Luise Maier).

Церемонијата по повод прогласувањето на наградените се одржува традиционално на 26 септември, по повод Европскиот ден на јазиците.

Наградата ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Р. Македонија (ЗПРМ) во соработка со Делегацијата на Европската Унија, а оваа година наградите ги врачија Фрејк Јанмат, претставник на Делегацијата на ЕУ, Огнена Никуљски, претседател на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија, Калина Малевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје и Љубица Арсовска од Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија.

Право на учество имаа лица до 26 години, а услов за учество беше пријавените текстови да претставуваат самостоен превод на сегмент од современата книжевност од кој било од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било јазик што се зборува во земјава.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…