Студентите на ФТБЛ добија признанија за учество на Саем за храна во Крушево

Студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа на Саемот за храна што се одржа на 28 септември во Крушево.

Саемот на храна беше во организација на СОУ „Наум Наумовски-Борче“ и Општина Крушево, а на отворањето присуствуваа градоначалникот на Општината, како и посетители и гости од земјава. Манифестацијата се одржа на градскиот плоштад, каде што на специјално поставени штандови беа презентирани јадењата од страна на учесниците.

На манифестацијата учествуваа студенти од факултетите за туризам и угостителство и ученици од средните туристичко-угостителски училишта од Република Македонија, а како членови на жирито за оцена во натпреварувачкиот дел беа професори и експерти од кулинарската област од нашата земја.

Студентите од ФТБЛ си ги одмерија силите во конкуренција на седум образовни институции од областа на угостителството и туризмот: СОУ „Коле Нехтенин“ - Штип, СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија, СОУ „Митко Пенџуклиски“ - Кратово, СОУ „Коле Неделковски“ - Велес, СОУ „Моша Пијаде“ - Тетово и СОУ „Лазар Танев“ - Скопје, како и училиштето „Золнај Јалнош“ - Унгарија. Студентите за учеството на натпреварот добија благодарници за подготовка на „Традиционална трпеза“, подготвувајќи јадења од Источниот регион. Студентите на овој натпревар беа менторирани од страна на професорите Никола Димитров и Нако Ташков.

Овој натпревар, во организација на СОУ „Наум Наумовски-Борче“ и Општина Крушево, претставува презентација на гастрономската понуда на нашата земја и промоција на гастрономскиот туризам пред посетителите.

Последен пат изменето на Петок, 19 Октомври 2018 14:27
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…