Повик за сите млади претприемачи од Фондот за иновации

Фондот за иновации и технолошки развој денес го презентираше Јавниот повик за старт ап и спин оф друштва.

  • Право на апликација имаат новоосновани микро, мали и средни претпријатија не постари од шест години. Целта е да сe поттикне претприемачкиот и иновативниот дух кај младите и преку овие друштва да го реализираат. Повикот е во соработка со Светска банка и изнесува 1 милион евра. Кофинансирачките грантови се во сооднос 85% проценти финансира Фондот и 15% сопствени средства - изјави Бранислав Марковски од Фондот за иновации и технолошки развој.

Презентацијата на Јавниот повик се реализираше во Кампус 2 на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што Васко Златковски од УГД истакна дека Универзитетот дава поддршка на вакви настани.

  • УГД работи на поддршка на претприемачкиот дух кај младите, пред сѐ кај студентите кои допрва треба да се вклучат во пазарот на труд. Ние како институција се грижиме информацијата да се прошири до места каде што треба и даваме поддршка на вакви настани - изјави Васко Златковски од Универзитет „Гоце Делчев“.

Според претставниците на Фондот за иновации за повикот има огромен интерес од страна на младите луѓе. Повикот и сите информации можат да се најдат на следниов линк

http://www.fitr.mk/startapuvaj/?fbclid=IwAR0C_nxEBOSyGD6qg5k28ZX9ZRZ_y1TdD3TOlWOO9KVDoofitFOB5-OYdBY

Последен пат изменето на Вторник, 13 Ноември 2018 15:13
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…