Amazon Web Services Educate и на Факултет за информатика

Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ се приклучи на програмата Amazon Web Services Educate, заедно со преку 10000 професори и 1500 други институции ширум светот. 

AWS Educate им овозможува на студентите пристап до облак ресурсите на Амазон. Како членови на програмата, факултетот доби кредити за секој студент којшто го следи курсот облак технологии. Целта на програмата е студентите да научат да користат ресурси складирани во облак центрите на Amazon, како складирање на бази, веб апликации, користење на виртуелни машини и др. и со тоа да ги подготви за подесување на реални проекти во облак сервиси. Амазон веб сервисите се користени од преку еден милион компании, меѓу кои Vodafone, Siemens, Netflix, Ryanair, Adobe.

На следниов линк можете да погледнете видео во кое професорот Закари Ивес објаснува како тие го користат Amazon Educate за академски потреби на Универзитетот во Пенсилванија: 

https://www.youtube.com/watch?v=0CuMr4pya2o

Студентите кои сакаат да бидат вклучени во програмата можат да испратат електронска пошта до доц. д-р Светлана Кордумова-Трајанова, каде што ќе наведат и која е причината што сакаат да научат Амазон облак технологии.

Последен пат изменето на Четврток, 22 Ноември 2018 09:59
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…