Факултетот за информатика организира Подготвителна настава по математика за надарени ученици од VI до IX одделение

Факултетот за информатика во текот на декември, февруари и март организира подготвителна настава по математика за надарени ученици од VI до IX одделение.

Подготвителната настава ќе ја изведуваат професори и асистенти од Факултетот за информатика, а ќе се решаваат задачи од натпревари по математика.

Предвидено е да се работи во групи од 5 до 15 деца. Наставата ќе се организира доколку се пријават доволно ученици за формирање на група. 

Датум на започнување на подготвителната настава: 3 декември 2018 г.

Наставата по математика ќе се реализира: по 2 часа неделно.

Заинтересираните ученици треба да се пријават најдоцна до 1 декември 2018 г. (до 10:00 часот). Пријавување и подетални информации на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Цена: 1500 денари месечно.

Жиро-сметка: 100-0000000630-95

Назив и седиште на примач: Трезорска сметка, ДУ „Гоце Делчев“ - Штип

Банка на примач: НБРМ

Сметка на корисник: 1600160330 788 22

Претходна шифра и програма: 723113 44

 

Последен пат изменето на Петок, 23 Ноември 2018 12:15
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…