Студентите на Правен факултет во посета на Македонска берза

Студентите од трета година на Правниот факултет при УГД во рамките на предметната програма на курсот Финансово право, под раководство на доцент д-р Кристина Мишева, беа во посета на Македонската берза на хартии од вредност на Р Македонија.

Студентите имаа едукативна презентација за начинот на работењето на Берзата во Р Македонија од страна на вториот извршен директор на Македонска берза, Евита Иванова, а воедно имаа и ретка можност да следат реално тргување со хартии од вредност на официјалниот и реалниот пазар и им беа презентирани новитетите и актуелностите  на оваа институција (вмрежување со регионални берзи, виртуелна берза, СЕИ-нет).

Исто така, во рамките на посетата на Берзата, од страна на овластено лице Лујза Томовска од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, на студентите им беа презентирани функциите, овластувањата и начинот на работењето на Комисијата согласно со законската регулатива.



 

 

 

Последен пат изменето на Понеделник, 17 Декември 2018 09:03
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…