Студентите на Технолошко-технички факултет изработија облека за хуманитарни цели

Студентите на Технолошко-технички факултет се вклучија во хуманитарна акција со изработка на детска облека. Хуманитарната акција е со поддршка на градоначалникот на Општина Крушево и  директорката на НУ Спомен куќа „Тодор Проески“, Елена Мирческа,  а студентите на УГД петта година по ред се учесници во хуманитарни модни ревии под менторство на доц. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска. 

Изработените креации им беа донирани на децата без родители  кои се згрижени во семејства во Крушево.

Моделите беа претставени од децата од ООУ „Никола Карев", програмата ја збогатија децата од музичката секција од истото училиште под менторство на проф. Пеце Христоски од Крушево, заедно со настапот на средношколците од СОУ „Наум Наумовски Борче" под менторство на проф. Билјана Проеска. 

  • Овие модели се изработуваа три месеци и со нивното подарување ќе им ги разубавиме претстојните празници на овие деца, на кои навистина нема кој да им помогне. Благодарност до сите институции од Крушево за соработката со нашиот факултет и за поддршката во реализирањето на овие проекти и можноста нашите студенти да ги претставуваат своите креации - изјави менторката доц. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска.

Студентите на ТТФ при УГД секоја сезона имаат свои модни ревии со изработки на модели и се претставуваат на повеќе модни спектакли во државата и надвор од неа.

Последен пат изменето на Вторник, 25 Декември 2018 11:44
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…