Студенти од ФТБЛ успешни на гастрономски натпревар „Новогодишна - Божиќна трпеза“

На 24 декември, во комплексот Етно село „Тимчевски“, се одржа гастрономски натпревар организиран од страна на асоцијацијата Гастромак во кој учествуваа четворица студенти од ФТБЛ. По повод прославата на новогодишните празници, натпреварот беше со една заедничка тема „Новогодишна - Божиќна трпеза“.

На натпреварот учествуваа докажани и млади шефови на кујни, асоцијации на жени од Македонија, студенти од факултетите за туризам и угостителство, како и ученици од средните туристичко-угостителски училишта. Жирито на натпреварот беше составено од шефови од Гастромак, искусни професори од средните и високите гастрономски институции. Натпреварот се одржа во две категории – национална трпеза и овошна салата. Во категоријата „Креирај сам овошна салата и наслови ја со твоето име“ учествуваа најмладите учесници средношколци и студенти. Сите учесници располагаа со исти намирници (овошје) и од нив секој учесник креираше своја овошна салата.

На овој натпревар Факултетот за туризам и бизнис логистика доби пехар за успешна соработка со Гастромак. Студентите од ФТБЛ освоија и пехар и сребрен медал - Второ место за национална трпеза. Во категоријата „Приготвување овошна салата“  беа наградени студентите: Марија Џингарска – 3. место бронзен медал; Александар Нацов – 2. место сребрен медал; Рената Трајчевска – диплома и Александар Неделковски – диплома.

Целосна репортажа од гастрономскиот натпревар ќе биде прикажана во телевизиската емисија со гастрономска тематика „Вкусот на традицијата“, која се емитува на Алфа ТВ.

Последен пат изменето на Петок, 28 Декември 2018 10:32
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…