Студентите од ФПТН во посета на Рудникот „Саса“

Студентите од насоките Рударство и Геологија на Факултетот за природни и технички науки, предводени од своите професори, го посетија Рудникот „Саса“ во Македонска Каменица.

Целта на посетата е студентите да се запознаат со технолошкиот процес на експлоатација и подготовка на минералната суровина. Студентите влегоа во рударските јами, го видоа процесот на експлоатација, начинот на подградување и рударската механизација, потоа отидоа во погонот за флотација, каде што ги  разгледаа внатрешниот транспорт, дробилките, млиновите, како и машините за флотација, сѐ до добивање на финален производ, оловен и цинков концентрат.

Оваа посета е резултат на успешната и долгогодишна соработка помеѓу Факултетот за природни и технички науки и Рудникот „Саса“. Од минатата година Рудникот „Саса“ доделува по десет стипендии за студентите на насоките Рударство и Геологија и пет за студентите на насоката Инженерство за заштита на животната средина.

Последен пат изменето на Вторник, 23 Април 2019 11:50
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…