Упорност и желба – формула за успех

Формулата за успех не е универзална, но секој треба да биде упорен и да не се откажува од своите идеи, а искуствата на луѓето кои успеале се драгоцени. Студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ имаа можност да слушнат токму такви искуства на Првата студентска конференција на студентите од Економскиот факултет, насловена „Формулата за успехот – ја имате ли и вие?“.

На конференцијата со свој мотивациски говор учествуваше Иле Николов, сопственик и менаџер на компанијата „Актива“:

Ние како претставници на реалниот сектор на оваа конференција ќе се потрудиме да им го претставиме бизнис секторот на овие млади луѓе и студенти кои веќе од наредните години по дипломирањето ќе влезат во реалниот сектор и ќе можат да се изборат во својата желба да успеат во животот. Мораме на едноставен и пластичен начин да им го презентираме тоа што го работиме, да сфатат дека успехот во животот доаѓа само ако се упорни во работењето и ако имаат желба да придонесат како сами за себе така и за целата околина во којашто живеат за да можат да бидат успешни млади луѓе. Формули за успех има многу, а практиките се различни, зависно од тоа кој каде се нашол и кој каде планира да се најде во животот. Секој во својата област мора максимално да се ангажира, мора од многу работи да се одрекне за да може да успее во животот. Успехот доаѓа неминовно ако човек постојано се труди – изјави Иле Николов.

За ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, оваа конференција е уште една потврда за тоа дека УГД на прво место секогаш ги става студентите:

- Имаме убава можност да присуствуваме на Првиот конгрес што го организираат студентите на Економскиот факултет, во нивна организација, во поглед на она што тие мислат дека треба да биде и она што мислат дека треба да го прават. Мислам дека ова е исклучителна можност студентите да покажат што научиле на факултетот, како се подготвуваат за животот, за бизнисот, за реалниот живот, дали се подготвени да работат во економијата, во бизнисот. Мислам дека е убава можност да покажат што знаат, што умеат, да кажат дека се тие главните на Универзитетот и дека она што тие го прават е она вистинското што треба да се прави на еден универзитет. Јас како ректор на УГД во секој случај ги поддржувам нивните активности, не само на студентите од Економскиот факултет, туку и на сите студенти од сите факултети и мислам дека ние како УГД покажуваме вистински вредности во поглед на тоа кои се централни прашања на Универзитетот, а тоа се студентите.

- Целта ни е да ги охрабриме и мотивираме сите студенти како да успеат и како да се борат за своите соништа. Денес имаме предавачи од бизнис секторот и професори, како и неодамна дипломирани и успешни студенти од Економскиот факултет кои ќе ни ја раскажат својата формула за успехот – изјави Анита Миланова, студентка вклучена во организацијата на конференцијата.

Поддршката за студентите дојде и од деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Трајко Мицески, кој изјави дека ова не е прва конференција, но овој пат преминува во повисока форма на организација:

Формулата за успех ја даваме сите заедно со студентите, тие треба да ја земат формулата со своето знаење и едукација. Исто така, сега ќе слушнат искуства и од врвните стопанственици од Штип. Формулата за успех ја нема никаде напишано, тоа е љубовта, посветеноста кон работата, кон знаењето. Знаењето, способноста, вештините, како и искуствата од успешните, тоа може да ги води младите кон успех.

Видео

Последен пат изменето на Вторник, 07 Мај 2019 15:07
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…