Бруцош – магазин за новите студенти

Универзитетот Гоце Делчев преку одделот за радио и ТВ изработи еден нов вид на магазин за сите студенти и средношколци.

Магазинот кој е насловен „Бруцош“ ќе биде своевиден информатор преку кој ќе можат сите нови и актуелни студенти да ги добијат информациите кои им се потребни. Станува збор за магазин во може да се најдат информации за тоа кои се најдобрите места за  учење, забава, дружење во градот, каде може да се јаде, што би требало да се проба кога се доаѓа во Штип, колку чини градот, а колку студирањето, па се до студиски програми и информации за текот на студиите. Во еден ваков магазин, кој ќе биде на 68 страници, ќе можат да се прочитаат и интервјуа и разговори со студенти, дипломирани студенти, но и познати личности.

Бруцош“ ќе биде наменет, не само за студентите, туку и за средношколците и нивните родители. Затоа што овде ќе можат да се добијат голем број на информации кои му се потребни на студентот или на оној кој планира да станува студент.
Идејата е студентите да бидат добро информирани за најважните работи и настани во градот и на Универзитетот „Гоце Делчев“. Овој магазин би требало да бие и своевиден водич за студентите за тоа кои се најважните датуми во текот на нивните студии, кои се начините да добијат стипендија или каде можат да се вклучат во практична работа додека се на студии и слично.

Бруцош“во текот на целата студиска година тој ќе може да се најде во сите кампуси на УГД и во објектите кои се партнери на магазинот.

Последен пат изменето на Среда, 09 Октомври 2019 12:03
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…