Одбојкарските екипи на УГД студент во сабота против „Џио Струмица“ и „Пелистер“

Двојна одбојкарска програма ќе имаат можност да следат љубителите на спортот во Штип во сабота, 25 октомври. Во спортската сала „Јордан Мијалков“ свои настапи ќе имаат одбојкарските екипи на УГД.

Први пред публиката ќе излезат одбојкарите на „УГД студент“, кои во првото коло од Првата одбојкарска лига во 16 часот ќе го започнат натпреварот со актуелниот државен првак „ЏИО Струмица“. По завршувањето на овој натпревар, во 18 часот на распоредот е натпреварот од второто коло на Првата женска одбојкарска лига, во кој се среќаваат „УГД студент“ и „Пелистер“ од Битола.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…