Студентите на Филолошкиот факултет ќе имаат можност да добијат платена пракса и вработувања

Филолошкиот факултет при УГД и германскиот деск „Проспертoп“ денес потпишаа Меморандум за соработка преку кој студентите ќе можат да добијат платена пракса, а најдобрите можат да добијат и вработување.

- Овој потпишан Меморандум ќе значи можност за студентите на овој факултет со тоа што ќе имаат платен тренинг, односно пракса и шанса за понатамошно вработување во нашите компании  – изјави Мартин Петровски, менаџер на германскиот деск „Проспертоп“.

Деканката на Филолошкиот факултет, Драгана Кузмановска, изјави дека ова ќе биде многу добро за студентите на Филолошкиот факултет и се надева дека тоа ќе ги задржи младите во државата:

- Германскиот деск е подготвен да им овозможи платена пракса во парните семестри. Тие се обврзуваат да понудат различни видови на обуки во делот на англистиката, германистиката и италијанистиката и најпрво ќе се запознаат со овие вештини.

Сите заинтересирани студенти можат да ја посетат нивната веб-страница - prospertop.mk и да се информираат повеќе.

Последен пат изменето на Понеделник, 28 Октомври 2019 12:40
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…