(Видео) Средба на ИТ компании со студентите по информатика

Студентите од Факултетот за информатика денес остварија средба со работодавачите од ИКТ индустријата. Целта на оваа средба е да се вмрежат идните работници со работодавачите и да можат полесно да се снајдат на пазарот на труд.

- Целта е да се разменат контакти, знаење и искуства. Потребата од кадар од оваа област е растечка. Фактот дека имаме склучено договори за соработка со повеќе од 40 ИКТ компании од регионот сведочи за тоа дека тие го препознаваат нашиот кадар како потребен за нив - изјави деканката на Факултетот за информатички науки, проф. д-р Цвета Мартиновска-Банде.

Компаниите велат дека вакви настани се многу важни со цел да се регрутира дел од кадарот кој им е многу потребен на компаниите.

- Како штипска компанија, каде што е многу потешко да се најдат вакви кадри за разлика од Скопје, мене ми е исклучително важно да има вакви настани на Универзитетот. Речиси на сите настани кои ги организира Факултетот за информатика присуствуваме за да видиме кој како работи - изјави Хајди Клинчарска од компанијата „Лупифај“ во Штип.

Настанот се одржа денес во просториите на Факултетот за информатика, а покрај тоа се одржа и предавање на тема „Актуелни трендови во ЈavaScript“ кое го одржа Векослав Стефановски, одговорен за софтверски развој во компанијата „Сорсико“.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…