Студентите во време на корона – Страхил Тодоров, доктор во Брзата помош во Велес

Страхил Тодоров е еден од најдобрите студенти во својата генерација на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, а од 2018 година, по завршувањето на студиите, е вработен во ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Освен секојдневната работа во Службата за итна медицинска помош, официјално е и портпарол на ЈЗУ Здравствен дом Велес, со тоа и директен дел од секојдневието кое сите го живееме, означено со коронавирусот, опасноста која нѐ демне, ризикот за граѓаните и здравствените работници. Предизвикот да се избориме со вирусот е на сите нас, а здравствените работници се во првите борбени редови и најизложени на опасноста. Страхил Тодоров во разговорот кој за Универзитетското радио „УГД ФМ“ го водевме во петок, 24 април, говори за актуелните состојби, за употребата на заштитната опрема, за предизвиците, се навраќа на студирањето на УГД и им испраќа препораки и на идните студенти. Комплетното интервју можете да го слушнете подолу.

 

Последен пат изменето на Вторник, 28 Април 2020 20:40
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…