Анкета: Студентите на УГД преферираат онлајн полагање

Во електронска анкета што ја спроведе Универзитетот „Гоце Делчев“ на 1059 студенти најголем дел од нив се изјасниле дека сакаат да полагаат електронски.

УГД само неколку дена по прекинот на наставата започна со спроведување на онлајн настава и таа се одвиваше без поголеми тешкотии. Со цел Универзитетот да го провери задоволството или незадоволството од ваквиот начин се спроведе анкета меѓу студентите. Од добиените резултати се гледа дека над 98 % до студентите се изјасниле дека имаат пристап до ИТ уред. Најголем дел од нив даваат позитивни оценки за начинот на следење на наставата и од организацијата на онлајн полагањето.

Околу 70% од нив се изјасниле дека сакаат да ги полагаат испитите онлајн овој семестар.

Во однос на задоволството од полагањето на колоквиумите и достапноста до материјалите исто така голем дел од студентите го оцениле со високи оценки. Преку 50 % од студентите ги оцениле со оценка 5 повеќето аспекти на онлајн испитите и колоквиумите, 18 % со оценка 4,11 % со оценка 3,6 % со оценка 2 и околу 11 % со оценка 1.

Според информациите од УГД најголем дел од испитите ќе треба да се одржуваат онлајн, а доколку има барање од студентите може да се одржи и испит со физичко присуство, но под строги протоколи за работа.

Одлука за начинот на организирање испити

Последен пат изменето на Понеделник, 08 Јуни 2020 12:17
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…