Отворена програмата за студенти амбасадори на Мајкрософт

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во соработка со Мајкрософт нуди една нова програма Student Ambassadors Programme (Програма за студенти амбасадори). Сите активни студенти можат да бидат дел од глобалната група на амбасадори кои се желни да им помогнат на студентите и нивните заедници.

Студентите добиваат пристап до бесплатен софтвер, алатки за учење во дигитални лаборатории, месечен кредит од 150 долари за истражување на Microsoft Azure, право на менторство од Мајкрософт професионалци, право на присуство на разни настани како гости, но и како предавачи, а понатаму и можност да станат кандидати за вработување во Мајкрософт.

Студентите можат:

Да направат разлика

Преку поврзување со други студенти од целиот свет, кои ја имаат истата страст за користење на технологија при решавање на заеднички реални предизвици.

Да развијат вештини

Преку обуки и сертифицирање, преку поддршка за виртуелни настани и уникатен пристап до експерти и ментори.

Да станат лидери

Преку организирање на дигитални настани во локалната заедница и преку понуда на помош за други студенти може да се стекнат вештини што ќе го збогатат вашето CV.

Повеќе информации и аплицирање на https://studentambassadors.microsoft.com/en-US/.

Најчести прашања и одговори https://studentambassadors.microsoft.com/en-US/faq.

Пријавувањето се врши директно преку линкот на страната. Се пријавувате со вашата студентска е-маил адреса.

Дополнителни прашања може да поставите до проф. Мирјана Коцалева Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Последен пат изменето на Понеделник, 23 Ноември 2020 12:26
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…