Успешна крводарителска акција на Универзитетското студентско собрание

Универзитетското студентско собрание на УГД во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Штип и Службата за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција. Оваа хуманитарна активност беше организирана по повод светскиот ден на студентите, 17 ноември.

- По повод Денот на студентите за првпат организираме ваква акција, од хуманитарен карактер. Се надеваме дека со оваа акција ќе помогнеме во оваа кризна состојба да спасиме нечиј живот со дарувањето на крв, а како Универзитетско собрание во овие кризни моменти ќе стоиме на располагање за други хуманитарни акции. Пандемијата од ковид-19 нѐ спречи да реализираме многу од нашите планови и програмата на Универзитетското студентско собрание, и затоа ќе се ориентираме на вакви хуманитарни настани и акции – изјави Мирко Наџаков, претседател на Универзитетското студентско собрание на УГД.

Студентите покажаа исклучително висока свест и во време на светска пандемија дадоа убав пример за солидарност и херојство.

Во организацијата активно беа вклучени студенти кои минатиот месец посетија тридневен семинар за крводарителство во Струга и дадоа огромен придонес на успешноста на крводарителската акција. Во акцијата учествуваа 28 студенти, при што се собрани 28 крвни единици, а имаше и заинтересирани крводарители кои од објективни причини беа спречени.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…