Работилница за повикот за идеи кои би помогнале за климатските промени

Пред заинтересираните студенти и млади луѓе денес во Кампус 2 се одржа работилница на која беше претставен т.н. климатски предизвик – од тебе зависи. Станува збор за повик за сите граѓани да доставуваат идеи со кои би помогнале во намалувањето на проблемите од климатските промени.

Очекуваме најразлични идеи кои можат да придонесат за намалување на последиците од климатските промени. Наградниот фонд е 10.000 американски долари. Секако покрај овие средства тука е и нашата безрезервна поддршка од менторство и инфраструктура каде што тој тим би можел да работиистакна Наталија Најдова од Центарот за социјални иновации во чии рамки се распишува овој повик

Целта на овој повик е идеите кои ќе бидат доставени да ја зголемат климатската отпорност и да ги намалат ефектите од климатските промени. Сите заинтересирани можат да аплицираат и нема некои посебни ограничувања. Деталите можат да се видат на нивниот веб-сајт www.odtebesavizi.mk.

Последен пат изменето на Вторник, 17 Мај 2016 15:03
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…