Моето искуство на УГД Штип

Моето искуство на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип можам слободно да го дефинирам како едно од најинтересните поглавја од мојот живот.

Студентските денови поминати на овој Универзитет можам да ги коментирам – со оглед на тоа што студирам овде веќе 2 години. Не сум од Штип, па тоа за мене беше предизвик. Нов град е сепак нов град. Нови луѓе кои се покажаа како неверојатно друштвени, одлични журки во локалните клубови и, нормално, шетањето во околните градови секогаш претставува задоволство.

Студирањето на УГД, конкретно на Факултетот за информатика, претставуваше и сѐ уште претставува предизвик. Но, можам слободно да кажам дека сите тешкотии се олеснети поради една работа – чувството на припадност. Малата средина (како и големата) има свои предности и мани. Но, од моето лично искуство, оваа мала средина ме поврза со многу интересни луѓе. Со помош на моите колеги и со сите мои професори и асистенти како студент имам можност да се развивам сѐ повеќе. Сите што се вклучени во образовниот процес овде настојуваат на една работа – знаењето мора и треба да биде пренесено. Згора на тоа, сите се расположени да им помогнат на студентите ако за такво нешто се јави потребата.

Исто така, морам да напоменам дека УГД е еден од најдобро поврзаните Универзитети во државата. Можностите за семестар поминат во некоја од земјите на Европа, како и интернационалните пракси, беа една од причините за мојот избор на овој Универзитет, покрај образовниот кадар и компактните групи за работа. Нашата соработка со организации на ниво на целиот Балкан, можностите за студентите да остварат пракса, учествата на најразлични студентски натпревари и искуствата што ги собираме на сите дополнителни активности на нашиот Универзитет ме прават да се чувствувам гордо што сум дел од него. Исто така, имаме многу „кул“ радио и добри емисии на него. Редовно ги следам истите и срдечно ви ги препорачувам.

Студент на УГД ФИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…