Ивана Митева: Искуството од Словенија ми е драгоцено

Ивана Митева, студентка во трета година на Правен факултет, насока  Медиумски студии и односи со јавноста, говори за искуството од учеството во програмата Еразмус плус, стекнато на Универзитетот во Марибор, Словенија.

„Верувам дека секој студент барем еднаш се прашал како е да студираш некаде во странство, во земја која ти е туѓа, со луѓе кои се поразлични од тебе. Излегувањето од комфорната зона е ’must’, а и никогаш не било полесно. Програмата Еразмус плус им нуди на студентите да поминат семестар или академска година на универзитет во земја по избор. За мојата размена како земја-домаќин ја избрав Словенија, и можам да кажам дека оваа одлука е една од најдобрите што ги имам донесено. Студирав на Факултетот за електротехника и информатички науки, зимски семестар, во Марибор, кој е втор по големина град во Словенија. Имав можност да слушам предавања од реномирани професори и асистенти и да бидам дел од неверојатни проекти.

Од друга страна, непроценливо е искуството со кое се стекнувате, како и сите места на кои сте биле, а ќе ви останат во спомен засекогаш.

Моја препорака е секој студент кој сака да ја скрши монотонијата, да биде дел од програмата Еразмус плус. Зажалиле само оние што никогаш не го направиле овој чекор“.

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…