Еразмус искуства: Португалија – квалитетно образование и природни убавини

Петар Стефановиќ, студент во трета година на ФТБЛ - наставен центар Скопје, Хотелско-ресторанска насока, престојот во Португалија преку  програмата Еразмус плус го издвојува како одличен избор.

„Се одлучив мојот четврти семестар да го слушам во странство преку програмата Еразмус плус. Заедно со колегата Александар Неделековски  одлучивме да аплицираме на факултетот „Escola Superior de Hotelaria e Turismo do Estoril" во Португалија. Апликацијата беше успешна и бевме примени на факултетот. Нашата приказна започна на 8 февруари 2019 година.
На 11 февруари почнавме на факултет и првите денови ги поминавме во средување на нашиот распоред според предметите што ги одбравме. Колегите од тој факултет беа многу гостопримливи и ни помогнаа околу тоа.

Факултетот беше одлично организиран, имаше големи кујни каде што некои предмети ги изучувавме практично, но исто така имаше и посебни предавални за предметите кои ни беа теорија. Некои од предметите ги слушавме на англиски јазик, а некои на португалски, но сите предмети ги полагавме на англиски јазик.
На овој факултет стекнав многу убави искуства и знаења коишто ќе ги памтам засекогаш.

Го препорачувам овој факултет на секој што е запишан на Факултетот за туризам и бизнис логистика и планира еден семестар да помине во странство преку програмата Еразмус плус.
Португалија има многу да понуди, од преубавиот Лисабон кој е само на 20 минути со воз, до преубавите долги песочни плажи, островите Азорес, регионот Алгарве, исто така и преубавите шуми и замоци во преубавата Синтра“.


СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…