Дали го гледаме животот како на филмска лента?

Идејата дека животот ни „поминува пред очи“ во моментите пред смрт можеби звучи како мит, но научниците од Универзитетот „Хадасах“ во Ерусалим велат дека овој феномен – или барем нешто слично е, всушност, прилично честа појава.

Тие откриле дека овој феномен, кој се нарекува „LRE“ (life review experiences или искуство на преглед на животот), сепак не изгледа како што е прикажано во филмовите и сликите не се поредени хронолошки. Всушност, се работи за „бомбардирање“ на мозокот со низа искривени сеќавања, набиени со емоции.

„Се случува суперконцентрираност на менталните процеси кои се одвиваат секој ден“, се наведува во истражувањето објавено во „Consciousness and Cognition“.

Научниците анализирале седум лица кои изјавиле дека доживеале „LRE“ и добиле различни сведочења, но сите имале една иста карактеристика, луѓето рекле дека дожвеале емоции од перспектива на своите блиски.

„Ги видов, ги чувствував работите што се однесуваат на мојот татко и тој ги споделуваше со мене работите од неговото рано детство и колку му било тешко тогаш“, се вели во едно од сведочењата, пренесува „Newser“.

Научниците велат дека се потребни повеќе истражувања за да се откриe што се случува со мозокот во овие состојби, но една од теориите е дека во областите од мозокот каде што се складирани сеќавањата се случуваат „дефекти“ предизвикани од намалувањето на кислородот.

Последен пат изменето на Среда, 08 Февруари 2017 14:28
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…