Откритие за хелиумот

За елементот хелиум досега важеше дека претставува инертен гас, чии атоми не стапуваат во интеракција со другите атоми за да  содаваат соединенија. Меѓутоа, едно ново истражување укажува дека е можно кај хелиумот да се предизвикаат одредени реакции.

Меѓународен тим од научници, предводени од Универзитетот во Јута, тврдат дека создале стабилно соединение врз база на хелиум, составено од хелиум и натриум. Ова откритие не само што е во целосна спротивност на некои  од основни претпоставки во хемијата, туку на научниците ќе им помогне подобро да разберат како делуваат атомите во јадрата на гасните џинови како Јупитер и Сатурн.

„Хемиските промени што се случуват под дејство на висок притисок можат да се постигнат во внатрешноста на Земјата и на други планети како Сатурн“– вели Иван Попов, еден од истражувачите од Универзитетот во Јута.

За ова откритие, што беше објавено во списанието „Nature Chemistry“, Попов вели дека ќе ги измени учебниците по хемија.

Благородните гасови хелиум, неон, аргон, криптон, ксенон и радон одамна се сметаат за потполно инертни. Иако ксенонот и аргонот можат да се врзат со магнезиумот под висок притисок, ова е првпат научниците да направат стабилно соединение врз база на хелиум.

„Тоа не е вистинска хемиска врска, во смисла на  јонска и ковалентна за кои се учи по хемија. Сепак, структурата е стабилна“ – објаснува Попов.

Ова е возможно само под притисок над 113 гигапаскали, што значи дека такво соединение не би можело да постои во природа на Земјата, туку само во необични услови како што се јадрата на гасовитите планети Јупитер и Сатурн.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…