Индија лансираше 104 сателити

Индија успешно лансираше 104 наносателити со што постави рекорд како земја која лансирала најголем број сателите одеднаш. Со ова ја надмина Русија, која во јуни 2014 лансираше 37 сателити во една мисија.

Според Индиската агенција за вселенски истражувања (ISRO), сателитите кои се тешки до 10 килограми се лансирани со помош на поларното сателитско лансирно возило. Ракетата со комерцијалните сателити е лансирана од космодромот во Срихарикота, Андра Прадеш.

Голем број од сателитите потекнуваат до други земји, меѓу кои САД, Обединетите Арапски Емирати, Израел, Холандија и Казахстан.

Меѓу нив се наоѓа и индискиот сателит за набљудување на Земјата, тежок 714 килограми.

Индија се натпреварува со другите меѓународни играчи за што поголем удел во лансирањата и е позната по финансиски најповолна вселенска програма.

сто така, во септември 2014 година Индија успешно испрати ракета без екипаж во орбитата на Марс, што пред тоа успеале да го направат само САД, бившиот Советски Сојуз и Европската вселенска агенција.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…