Како бактериите можат да создаваат чиста електрична енергија

Научниците од Универзитетот East Anglia (UEA) направиле голем чекор кон произведување на чиста електрична енергија со помош на бактерии.

Во денешниот свет постојат два големи проблеми кои треба да се решат, отпадот и создавањето на чиста енергија. Благодарение на новото откритие на британските и на американските научници се прави чекор кон побрзо решавање.

Судејќи според извештаите објавени во новиот број на магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS), протеините на површината на бактеријата можат да создадат електрична енергија при едноставен допир со површината на минералите.

Со други зборови, бактериите можат да се постават на метал или минерал и во нив да испуштаат електричен набој низ клеточните мембрани. Тоа значи дека бактериите можат директно да се поврзуваат со електроди, што е важен чекор во создавање ефикасни микробни горливи клетки, односно биобактерии.

Во текот на истражувањето научниците ја користеле морската бактерија Shewanella oneidensis и создале нејзина синтетичка верзија со тоа што ги употребиле само протеините кои пренесуваат електрони од внатрешноста на бактеријата во минералите.

Во експериментот научниците вметнале клучни протеини во липидните слоеви на меурчињата кои наликуваат на мембрана на бактеријата. Потоа тестирале како електроните патуваат меѓу внатрешноста во која се создаваат и минералите богати со железо, кои се наоѓаат на надворешната страна.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…