Телефоните ќе детектираат рак на кожата

Компјутерските експерти од Стенфорд креирале база на податоци со 130 илјади слики од кожни заболувања и „истренирале“ еден посебно направен алгоритам да препознае (потенцијален) рак на кожата.

Овој труд, кој беше објавен во списанието „Nature“ на 21 јануари, го поминал тестот со повеќе од 20 дерматолози. Алгоритмот со успешност на човечко ниво ги препознава лезиите кои ги претставуваат најчестите и најсмртоносни форми на рак.

Кај ракот на кожата прв и основен чекор за дијагноза е визуелниот преглед. Дерматолозите генерално вршат идентификација дали некоја промена е канцерогена преку визуелниот преглед. Ако резултатот е сомнителен, следи биопсија.

Со воведување на овој алгоритам во компјутерите не само што би се намалиле  трошоците за првиот преглед, туку би се спасиле и огромен број на животи, благодарение на раното откривање.

Како основа на алгортмот од Стенфорд му служи постоечкото решение на „Google“, кое е „тренирано“ да препознае 1,28 милиони слики од илјадници категории. Првично е направен да распознава само мачки и кучиња, но на Стенфорд го „научиле“ како да препознае малигно заболување и да го разликува од безопасните промени на кожата. Дополнителна предност во користењето на овој алгоритам претставува и фактот дека може да се врши фино подесување за чувствителност во голем број на додатни параметри.

За дијагнозата што ја изведуваат на Стенфорд е потребен компјутер, но истиот тим веќе планира да направи мобилна апликација која на корисниците ќе им овозможи да се дијагностицираат од дома и во секое време.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…