(ВИДЕО) Погледнете го роботот кој оди како птица

Група инженери кои работат на проектот „Атриас” на Универзитетот во Орегон се фокусирани на решавање на проблемот со движењето на роботите. Тие се надеваат дека овие двоножни машини еден ден ќе чекорат како луѓе.

Но, пред да ја достигнат таа цел е потребна своевидна еволуција во начинот на чекорење. Роботот Cassie е една алка во тој еволутивен синџир и тој наликува на птица.

Се работи за успешен резултат од 16-месечната работа, финансирана од Министерството за одбрана на САД. Дизајнот на машината е инспириран од морфологијата и однесувањето на животните, вклучуваќи ја имитацијата на колкот, која овозможува движење низ три механички степени на слобода.

Машината, исто така, има и подвижни зглобови помеѓу „стапалото“ и „потколеницата“, според моделот на човечката анатомија.

Cassie може самостојно да стои, да оди, да преминува препреки и да паѓа без поголема штета.

Потенцијалот на оваа машина се наоѓа во создавањето на робот, кој во блиска иднина ќе им помага на војниците на бојното поле, на спасувачите на терен или како доставувач на храна.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…