Батериите на иднината ќе бидат врз база на вода

Научниците од Харвард направиле батерија која може да трае 10 или повеќе години, како нов начин на складирање на енергија.

Оваа т.н. „проточна батерија“ користи вода за растворање на органските молекули кои ја складираат енергијата. Според нучниците од Харвард, оваа батерија има неколку значајни подобрувања во однос на претходните.

Батеријата користи евтини, нетоксични супстанции кои се растворливи во рН неутрална вода, не е корозивна и може да трае многу подолго од сегашните литиум-јонски батерии. Растворените молекули во вода губат само околу еден процент од својот капацитет на 1.000 полнења.

Се проценува дека може да служат со децении, наместо со месеци.

Батерии од овој тип често се користат за складирање на енергија од обновливи извори, како ветерна и соларна енергија, но бараат постојано одржување на електролитот.

„Ова е долготрајна батерија која може да ја ставите во вашиот подрум. Ако се растече нема да го уништи подот, а бидејќи медиумот е некорозовен, за изработка на деловите од батеријата можат да се користат многу поевтини материјали“– вели професорот Рој Гордон, еден од водачите на истражувањето.

Истражувачите се надеваат дека со оваа технологија ќе се намали цената на батериите и ќе ја направи цената за складирање на енергијата од обновливте извори на енергија слична со цената од традиционалните електрани.

Истражувањето е објавено во „ACS Energy Letters“.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…