Научен труд на ЕТФ презентиран на 15. Меѓународна работилница за оптимизација во Виена

Уште еден научно-стручен труд од Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев” беше презентиран деновиве на Меѓународна конференција во Австрија.

Проф. д-р Влатко Чингоски и неговиот колега од Јапонија од државниот Универзитет во Сапоро, проф. д-р Со Ногучи, на 15. Меѓународна работилница за оптимизација  (15th International Workshop on Optimization and Inverse Problems in Electromagnetiism, OIPE-2018, www.oipe2018.at), која се одржа од 11 до 13 септември 2018 година во Hall in Tirol, во близина на Инсбрук, Австрија, презентираа дел од нивните заеднички истражувања прикажни во нивниот труд под наслов “Economical Optimization Method of  REBCO Superconducting Magnets Using Game Theory”.

На работилницата, исто така, беа презентирани пoголем број научни и стручни трудови од различни автори од цел свет.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…