Факултетот за информатика го организира натпреварот „First Lego League“

Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип на 23 февруари ќе го организира првиот државен натпревар за „First Lego“ лига во Република Македонија, за деца од 9 до 16 години.

Натпреварите од оваа лига се организираат во цел свет - оваа година учествуваат околу 40000 тимови од 98 земји. Факултетот ја доби лиценцата за натпреварот од својот партнер „Супер главче“ од Словенија, кој е одговорен за овој регион, а победниците ќе учествуваат на регионалниот натпревар во Словенија.

„First Lego“ лигата е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма која ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми. Оваа година темата на проектот е „Во орбитата“ и тимовите треба да идентификуваат физички или социјален проблем со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем и да предложат решение.

Детални информации за овој престижен натпревар можат да се најдат на www.fll.mk.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…