Тимот „Space Walkers” од СТЕМ Академија – Скопје е победник на 1. државен натпревар од „FIRST LEGO“ лигата на РСМ

Факултетот за информатика при УГД – Штип во саботата, 23 февруари 2018 година, беше домаќин на овој прв натпревар од ваков вид кај нас, за кој ја има и лиценцата за организирање.

На 1. државен натпревар од „FIRST LEGO“ лигата на РСМ, за деца од 9 до 16 години, учествуваа десет тима кои се натпреваруваа во четири рамноправни категории: роботска игра, роботски дизајн, проект и основни вредности. Тимовите кои учествуваа беа од училишта и академии од Штип, Скопје, Кочани, Берово, Виница и од Струмица, а натпреварите се одвиваа во атмосфера на детска смеа, навивање, демонстрирање на знаења и другарство, при што уживаа и децата и возрасните. На натпреварот присуствуваа и се обратија и ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, деканката на Факултетот за информатика проф. д-р Цвета Мартиновска Банде, како и претставници на „Завод супер главче“ од Словенија, кој е и одговорен за „FIRST LEGO“ лигата за овој регион.

Постигнати се следниве резултати:

Шампион
„SpaceWalkers“ од СТЕМ Академија - Скопје

2. место вкупно во сите категории, како и Награда за роботска игра
„ROBO Adventures“, ОУ „Св. Кирил и Методиј" - Кочани

Награда за проект
„RoboNK“, СОУ „Никола Карев" - Струмица

Награда за роботски дизајн
„TheMakBotPioneers“, СОУ „ЃошоВикентиев" - Кочани

Награда за основни вредности
„Transformers“, ОУ „Ванчо Прќе" - Штип

Првите две екипи во вкупниот пласман ќе ја претставуваат нашата држава на регионалниот натпревар во Целје (Словенија) на 16 март 2019 година.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…