Можност за учество на 3D/VR виртуелен саем „IoT трендови во 2020"

Факултетот за информатика при УГД учествува на 3D/VR виртуелниот саем „IoT трендови во 2020", што ќе се одржи од 7 до 9 јули 2020 година.

Повеќе фирми од IoT индустријата ќе се претстават со свои виртуелни штандови на овој саем, а дополнително има и конференциска програма со снимени видео предавања.

На саемот свое излагање ќе има проф. д-р Александра Милева на тема со наслов „Безбедносни закани за поврзаните домови - MQTT случај".

Посетата на саемот е бесплатна, а добредојдени се сите заинтересирани. На овој настан ќе можете да се запознаете со различните IoT фирми и нивните производи.

Линкот за регистрација како посетител е https://net-must.com/sign-in.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…