Центарот за електронско учење (ЦЕУ) при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе им понуди на професорите и на асистентите на УГД можност да се усовршуваат во дизајнирање на  видеолекции, со што ќе можат да одат чекор напред во примената на нови форми на пренесување на знаењето до студентите.

Објавено во УГД Живот

Правните факултети на универзитетите „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Државен универзитет – Тетово ја организираа втората по ред Студентска конференција „Студентската мисла во правото, политиката и општеството“.

Објавено во УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжува со поддршката на научноистражувачката дејност преку својот Фонд за научноистражувачка дејност. Од овој Фонд, од овој месец, се предвидени средства за финансирање на 64 нови проекти, најави на прес-конференција ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.

Објавено во УГД Живот

Тројца студенти на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Александар Нацов, Кристијан Мијалковски и Ивана Горгиева, добија награди и признанија на Вториот интернационален гастрономски натпревар „Гастромак 2017“, што се одржа во хотел „Вила парк“ во Струмица.

Објавено во УГД Живот

Серијата семинари на научни, но и популарни теми на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип продолжи со Семинарот од областа на невронауките, кој предизвика големо внимание кај студентите. Деканот на ФМН, проф. д-р Рубин Гулабоски, истакна дека  е чест за ФМН што професори од различни области, од електрохемија, од невронауки и од психологија, на крај ќе дојдат до заеднички заклучоци.

Објавено во УГД Живот
Страница 3 од 70

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…