Минатиот викенд кадетите на „УГД студент“ во полуфиналниот натпревар загубија несреќно против екипата на „Вардар“ од 2:1, а во борбата за трето место го победија „Борец“ од Велес со 2:1. Со ова екипата на „УГД студент“ кадети го освои третото место во државата и го постигна својот најголем успех до сега. Натпреварувањето се играше во Скопје.

Објавено во УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Мисијата на ОБСЕ во Р Македонија имаат плодна соработка, која се реализира преку бројни заеднички проекти со факултетите во состав на Универзитетот. Ова беше потврдено и на средбата што ја имаа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и претставници на ОБСЕ.

Објавено во УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествуваше на шестото издание на манифестацијата „Технички саем“, која ја организира Средното стручно училиште „Наце Буѓони“ во Куманово. На оваа манифестација учениците од повеќе профили презентираа свои изработки, при што посетителите на саемот можеа да ги разгледаат достигнувањата од областа на роботиката, биологијата и машинството.

Објавено во УГД Живот

Од 9 до 11 јуни годинава по вторпат се организира настанот „Алшар 2017 – Допри го сонцето“. Со тоа овој во 2016 година најпосетен настан за планински велосипедизам, планинарење и планинско трчање веќе станува традиција која ја негува клубот „Тиквешки точкаџии“.

Објавено во УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ на Отворен ден во Скопје ги претстави студиските програми и можностите и условите за студирање на факултетите и академиите кои работат во негов состав. На штандови поставени на плоштадот „Македонија“, заинтересираните средношколци како и сите останати граѓани можеа да ги добијат сите потребни информации.

Објавено во УГД Живот
Страница 6 од 65

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…