Универзитетот „Гоце Делчев“ го реализира и вториот уписен рок, во кој паралелно се врши и запишувањето на студентите кои се примени во првиот уписен рок. Најголем дел од пријавените кандидати ја завршуваат последната фаза од запишувањето, над 80% се запишале. УГД ќе остане отворен за сите оние кандидати кои нема да успеат да завршат со запишувањето и не завршиле со финансиските уплати во овие два дена, со цел да им излезе во пресрет на оние студенти кои во моментот имаат финансиски проблеми.

Објавено во УГД Живот
Четврток, 24 Август 2017 15:18

Студенти од Самара во посета на УГД

Деветта година по ред успешно се реализира соработката помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Државниот медицински универзитет во Самара, Русија. Во рамките на оваа соработка, во посета на УГД престојуваат студенти и професори од Самара, кои се сретнаа и со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев и деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски.

Објавено во УГД Живот

Над 1.300 кандидати се пријавија во првиот уписен рок за запишување на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, а најголем интерес беше покажан за Факултетот за медицински науки, Факултетот за туризам и бизнис логистика, како и за Економскиот факултет.

Објавено во УГД Живот

По трите дена од првиот уписен рок на УГД бројката на пријавени кандидати за запишување на некој од факултетите и академиите е во рамките на очекувањата и се движи околу 1.300. Истовремено, УГД продолжува со прием на документи и во наредните денови, а се работи и на подготовките за старт на новата академска година.

Објавено во УГД Живот

Задоволителен интерес за запишување во првиот уписен рок бележи Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, по првите два дена од првиот уписен рок. Интересот се движи во рамките на очекувањата, а за да се излезе во пресрет на потребите на кандидатите, документи ќе се примаат и по рокот, односно до петок - 18 август.

Објавено во УГД Живот
Страница 10 од 73

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…