УГД ФМ одбележа седум години постоење

Универзитетското радио УГД ФМ одбележа седум години од своето постоење. Седмиот роденден беше одбележан со коктел во просториите на УГД ФМ, на кој беа присутни студенти-соработници во радиото, новинарите од локалните и од регионални медиуми, како и раководството на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, најави дека поддршката за УГД ФМ продолжува со новини кои ќе донесат и нов квалитет.

Ние ЦОЈ, во чиј состав се наоѓа УГД ФМ, чиј роденден е денеска, го поддржуваме без никаква задршка во поглед на тоа дали треба или не да се поддржува. Можам да најавам дека овде допрва ќе се развиваат нови содржини во поглед на презентација во медиумскиот простор, од него во иднина да излезе нешто уште поквалитетно од класично универзитетско радио. Ние нема да бидеме тие кои би го кочеле развојот на овој дел од ЦОЈ да прерасне во значаен информативен медиум во државата, и ние тоа ќе го поддржувамеизјави ректорот Боев

УГД ФМ и во наредниот период ќе остане место каде што студентите ќе можат да соработуваат, да ги реализираат своите афинитети за новинарство, водителство, и со тоа да придонесат во подобрување на информирањето за прашањата кои се битни за студентската популација.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…