КЛИК поблиску до вашиот бизнис

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Центарот за развој на Источниот плански регион се во завршната фаза од реализацијата на проектот „Бизнис центар – КЛИК поблиску до вашиот бизнис“.

Проектот започна да се реализира од јули годинава, а имплементацијата е од страна на Лабораторијата за дигитални ресурси и отворен пристап (ДРОП) на Факултетот за информатика на УГД.

Целта на проектот е да се вклучат повеќе иновативни сили, да се промовира иновативноста, да учествуваат млади кои работат на иновациите. Четворица студенти имаа можност да започнат еден проект, да реализираат една софтверска апликација. Како краен продукт имаме веб апликација што ќе ја користи единицита на локална самоуправа и ќе биде достапна за сите потенцијални инвеститори и оние кои веќе водат бизнис во Источниот плански регион и ќе биде поддржана и со андроид апликација. Во апликацијата ќе бидат содржани сите податоци кои се важни за инвеститорите – место за изградба на погон, како да дојдат до сите неопходни структури и институции во регионот, банки, нотари, адвокати, за што ќе ги има сите контакти, а единиците на локална самоуправа сами ќе можат да си ги ажурираат сите податоциизјави проф. Зоран Здравев, тим-лидер на проектот

Главна цел на овој проект е да се зголеми конкурентноста на регионот преку нови иновативни методи за поддршка на МСП, ЕЛС и промоција на регионот пред домашните и странски инвеститори.

Проектот е реализиран во склоп на Лабораторијата за дигитални ресурси и отворен пристап на Факултетот за информатика, во која се занимаваме покрај научноистражувачката работа и со апликативна работа, и еден од примерите за тоа е и овој проект. За студентите овој проект е многу значаен, затоа што тие на овој начин се среќаваат со практични проблеми со какви ќе се среќаваат, a по завршувањето на студиите кога ќе се вработат во бизнис секторот полесно ќе можат да ги решаваат ваквите ситуациивели проф. Игор Стојановиќ

Студентите кои учествуваа во проектот го делат мислењето дека ова ќе биде од значење за нивниот натамошен развој.

Се работи за апликација која е поврзана со локалната самоуправа и сметам дека ова многу ќе им помогне на луѓето од бизнис секторот. Секако дека значи и за нас, како почетници, а истовремено ќе можеме да го наведеме во нашето CVвели студентката Марија Накова

Нејзината колешка Симона Атанасова вели дека не било тешко, но предизвиците биле мотив повеќе:

Јас работев на дел од функционалноста на веб-страницата, не беше тешко, но сепак во тек на работата доаѓавме до некои предизвици кои беше интересно да ги решаваме заеднички, сите кои работевме на проектот

Проектот е финансиски поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка.

Последен пат изменето на Понеделник, 17 Октомври 2016 11:31
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…