Соработка со Универзитетот во Загреб

Универзитетот „Гоце Делчев“ продолжувајќи ја својата политика на отвореност и соработка на 9 декември 2016 година воспостави соработка и со Универзитетот во Загреб. Соработката се воспостави преку посетата на ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев на Универзитетот во Загреб.

При посетата двајцата ректори разменија информации за можностите за воспоставување на соработка за размена на студенти и професори, како и за учество во заеднички научни проекти. УГД секогаш е отворен за соработка со универзитети во Европа и во светот, што се покажува и преку бројните меѓусебни договори кои ги има потпишано Универзитетот со други високообразовни институции.

Универзитетот во Загреб е една од најстарите и најдобрите високообразовни институции во Хрватска. Оваа година тие слават 347 години од своето основање, а со своите 70.000 студенти овој Универзитет прима околу 50% од сите студенти во Хрватска.

Последен пат изменето на Понеделник, 12 Декември 2016 12:28
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…