Факултетот за информатика и Агенцијата за електронски комуникации потпишаа Меморандум за соработка

Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Агенцијата за електронски комуникации потпишаа Меморандум за соработка, со кој ја прошируваат меѓусебната соработка на повеќе полиња.

Меморандумот го потпишаа деканот на Факултетот за информатика, проф. д-р Цвета Мартиновска-Банде и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Сашо Димитријоски.

Заедничката соработка Факултетот и Агенцијата ќе ја остваруваат со учество во заеднички проекти, обуки, обезбедување на експертиза, заедничко учество на настани, конференции, семинари, работилници од областа на компјутерската и мрежната безбедност, сајбер безбедноста и електронските комуникации.

Последен пат изменето на Вторник, 13 Декември 2016 13:19
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…