Проф. д-р Боев: Сите мои сили ќе ги насочам на отворање на УГД кон млади кадри

Во своето предновогодишно интервју ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев истакна дека Универзитетот ќе се залага да се отвора кон младите луѓе, да прима нови и млади кадри.

Сето знаење што јас го поседувам, сето искуство кое го имам стекнато во овие преку 35 години на универзитетите во Македонија ќе го искористам да го подигнам квалитетот на студиите на УГД, во зајакнување на истражувачкиот профил на Универзитетот, во зајакнување на условите за студирање на студентите и отворање на Универзитетот кон млади структури со цел да се подмлади Универзитетот и да влезат што е можно повеќе млади кадри во делот на асистентите или асистенти-докторанди, зависно од тоа каков ќе биде законот, во секој случај да има повеќе млади луѓе за да се подигне нивото на Универзитетотистакна меѓу другото ректорот на УГД.

Интервјуто се реализираше во Универзитетската телевизија со гостување на новинари од три регионални телевизии кои имаа можност да разговараат со ректорот на различни теми поврзани со инфраструктурата, науката, образованието и студентскиот стандард. Интервјуто на регионалните телевизии и на интернет ќе биде објавено утре.

Последен пат изменето на Среда, 21 Декември 2016 09:03
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…