(Видео) УГД донираше средства за хигиена во ДСУ „Искра“ во Штип

Во рамките на хуманитарната акција „Мала радост“ Универзитетот „Гоце Делчев“ денес ги донираше собраните средства за хигиена на Државното средно училиште „Искра“ во Штип.  Акцијата е втора по ред и оваа година беше исклучително успешна.

Во оваа новогодишна акција „Мала радост“ собиравме средства за лична хигиена. Многу ни е драго што многу студенти и вработени се одзваа на акцијата и донираа многу средства. Ние сме горди што УГД ќе може да им помогне на дечињата во ова училиште. Ние нема да застанеме овде и од големиот одѕив се охрабруваме и ќе продолжиме и понатаму  истакна Дијана Насева од Универзитетот „Гоце Делчев“.

Од државното училиште, исто така, ја изразија својата благодарност до Универзитетот и појаснија дека оваа донација ќе има големо значење за учениците во училиштето.

 Ја користам оваа можност да упатам голема благодарност до вработените на УГД за оваа донација за нашите ученици. Оваа донација многу ни значи и воедно упатувам апел до другите институции да го следат овој пример на УГД и други компании кои донираат за нашето училиште. Нашите ученици претежно потекнуваат од социјално загрозени семејства и секоја помош е добредојдена истакна Марјан Арсов, директор на ДСУ „Искра“.

Акцијата се реализираше втора година по ред и од Универзитетот посочуваат дека ваквите хуманитарни акции ќе продолжат и во иднина.

Видео

Последен пат изменето на Петок, 30 Декември 2016 09:01
Одбележен под
Share this article
Повеќе во оваа категорија: « Учителите го менуваат светот

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…