УГД потпиша Mеморандум за соработка за младинско информирање

Универзитетот „Гоце Делчев“ се вклучува во Кампања за подобро младинско информирање.

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Марјан Спасески, извршниот директор на Коалицијата „СЕГА" Зоран Илиевски, раководителот на Центарот за односи со јавноста при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип Влатко Mиленкоски, проректорот за финансии на Универзитет „Св. Климент Охридски"- Битола проф. д-р Светлана Николовска и основачот на Млади ИНФО интернационал Антоанета Иванова потпишаа Меморандум за соработка.

Иницијативата за потпишување на Меморандумот произлезе од делот на исполнување на преземените обврски од Акциониот план за имплементација на Националната стратегија за млади.

Целта на Меморандумот е достапноста и транспарентноста на информациите од интерес на младите за остварување на нивните потреби, како и вмрежување на институциите и организациите чијашто основна активност е информирање на младите.

Како дел од Меморандумот е и спроведување на кампања за младинско информирање која ќе има за цел подобрување на младинското информирање во Република Македонија.

Активностите од кампањата вклучуваат секојдневна комуникација со вклучените младински организации од цела Македонија, давање на инструкции за онлајн делот на кампањата, дизајнирање и печатење на промотивен материјал за кампањата, контакт со медиумите за покриеност на настаните со млади, објавување на Конкурс за креирање на мобилна апликација и објавување на Конкурс за изработка на анимирано видео за промоција на мобилната апликација.

Агенцијата за млади и спорт ќе обезбеди парични награди во вредност од 30.000 денари за мобилна апликација и 18.000 денари за анимирано видео.

Останатите потписници на овој Меморандум ќе се вклучат во активностите преку редовно информирање, отстапување медиумски простор за кампањата за младинско информирање, како и размена на информации кои се во интерес на младите.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…