УГД подготвен за велосипедската трка

„Велосипедската трка која ќе се одржи во недела во рамките на одбележување на патрониот празник на Универзитетот 'Гоце Делчев' - Штип влегува во календарот и со неа ќе  се отвора сезоната на трки на Велосипедската федерација на Република Македонија“, објави на денешната прес-конферниција секретарот на Федерацијата, Сашо Ванчевски.

Велосипедската трка во Штип годинава ќе има нова локација, односно старт и цел, ќе почне од Автобуската станица и ќе се вози до кружниот тек кај поранешен „Базалт“ во Штип. Учесниците во трката ќе се натпреваруваат во седум категории.

  • Тоа се сениори, јуниори, кадети, мастерс и жени. За рекреативните категории имаме три  категории од кои две се натпреварувачки под 15 и над 15 години и ќе имаме промотивна цицибан трка за сите деца од најмала возраст. Кругот е еден километар и 200 метри, а во сооднос на возрасната категорија на учесниците ќе биде перманентно зголемуван бројот на круговите за секоја повозрасна категорија, а за децата цицибан ќе биде само 400 метри, која е промотивна, а сите останати категории ќе бидат наградувани, вели Ванчевски.

Тој истакана дека оваа трка се бодува за ранг-листата на Велосипедската федерација на Република Македонија за категориите од 13 и 15 години. Во трката ќе учествуваат околу 70 лиценцирани велосипедисти и над 200 рекреативци.

Проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Кирил Барабареев, вели дека подготовките за трката се почнати, а годинава таа ќе има и меѓународен карактер.

  • Во организацијата на трката ќе бидат вклучени околу стотина студенти-волонтери на настанот, ќе бидат вклучени околу 50 вработени, со поддршка на Министерството за внатрешни работи, СВР-Штип, со поддршка на Општина Штип, со поддршка на Синалко и Кожувчанка како спонзори, вели Барбареев.

Тој рече дека во организацијата се вклучени и детските градинки и училиштата во Штип. Проректорот Барбареев најави дека во Штип по 20 години ќе се формира и Велосипедски клуб. Велосипедската трка ќе се одржи во недела во 11 часот.

Штип 23 март 2017 (МИА)  

 

Последен пат изменето на Петок, 24 Март 2017 09:59
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…